
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски е желба на шпанскиот прволигаш Вилјареал. Како што информираат медиумите во Шпанија, Вилјареал е подготвен да плати 8 милиони евра и да го доведе Димитриевски, откако Херонимо Рули е пред потпис со Ајакс.
Доколку трансферот на Рули се реализира, во Вилјареал би останал ветеранот Пепе Реина, а Столе Димитриевски би бил ангажиран како стартен голман на тимот.
Столе Димитриевски претходно беше цел и на Барселона и на Севилја, но сепак остана во Рајо Валјекано, каде брани одлично.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
