Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, разговараше со навивачите кои протестираа пред тренинг кампот на клубот. Дел од нив дури и влегле внатре, но обезбедувањето спречило поголем инцидент.
Навивачите се особено незадоволни од инволвираноста на сопствениците на Јунајтед, семејството Глејзер во формирањето на Европската Суперлига. Џоел Глејзер требаше да биде потпреседател на новото натпреварување.
Вчера семејството Глејзер испрати писмо со извинување до навивачите во кое признава дека приклучувањето кон лигата на „одметниците“ било грешка.
Сепак ова писмо не ги намали бесот на фановие кои денеска со банери на кои пишуваше „Глејзер надвор“ протестираа пред тренинг центарот.
Заедно со Солскјер во обидот за смирување на ситуацијата биле помошникот Мајкл Керик, техничкиот директор Дарен Флечер како и Немања Матиќ.
Навивачите на Манчестер Јуанјтед се во постојана војна со Глејзер откако семејството контроверзно го презеде клубот во 2005 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski