Connect with us

ВИДЕО: Пукање на меч во Аргентина, застрелан гостинскиот тренер

Неверојатни сцени се видени во Аргентина на фудбалски натпревар. Третолигашкиот натпревар помеѓу Хуракан де лас Херас и Фераил Карило Оесте беше прекинат со пукање од трибините на стадионот.


Во 79. минута од натпреварот се слушнаа истрели од трибините, а гостинскиот тренер Маурисио Ромеро беше застрелан со огнено оружје во пределот на левата пазува. Клубот брзо објави дека Ромеро е надвор од животна опасност.

Натпреварот беше прекинат во 79. минута поради овој катастрофален настан со резултат 3-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови