
Манчестер Јунајтед ја одби новата понуда од Вест Хем за дефанзивецот Хари Мегваер, кој го загуби стартното место во тимот. Шампионот на Конференциската лига дал понуда од 20 милиони фунти за англискиот репрезентативец, но повторно добил негативен одговор.
Пред речиси две недели Вест Хем направи барање за позајмица, што исто така не беше задоволително за „црвените ѓаволи“. Според медиумите на Островот, Јунајтед сака најмалку 40 милиони фунти за Хари Мегваер.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, смета дека клубот и не мора да се раздели со Мегваер доколку не дојде вистинска понуда и е среќен што го има како опција, иако сега нема загарантирано место во стартниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal