Репрезентацијата на Велс оствари минимална над Казахстан на гости со 0-1 во рамките на квалификациите за Светското првенство следната година. Со овој триумф, Велс го презеде врвот на табелата во групата со 10 бодови од пет меча, пред Македонија која има осум бодови од четири средби, додека Белгија располага со четири бодови, но од само два натпревари. Казахстан е со три бодови од четири натпревари, додека на дното е Лихтенштајн, без бодови и без постигнат гол во три меча.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 24. минута кога Кифер Мур од Врексам, со својот погодок, донесе водство од 0-1 за Велс. Тој погодок се покажа како решавачки за освојување на трите бода на гостински терен.
Во продолжение на групата, вечерва Лихтенштајн ќе го пречека Белгија, но се очекува гостите да победат и тоа нема да ја промени позицијата на табелата.
Македонија ќе има нова можност да се врати на врвот на табелата во недела, кога ќе го пречека Лихтенштајн во Скопје. Со евентуални три бода, „црвено-жолтите“ би стигнале до 11 бодови и повторно би го презеле водството во групата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













