Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, нема да може да смета на белгискиот интернационалец Еден Азар за мечот од последното коло во Ла Лига против Вилјареал. Напаѓачот повторно е повреден. Ова веќе и не е голем удар за стратегот на „кралевите“ со оглед дека и ретко кога го имаше Азар на располагање во текот на сезоната.
Покрај Азар, Зидан нема да може да смета ниту на Тони Крос кој е позитивен на коронавирус.
Реал Мадрид утре на домашен терен го пречекува Вилјареал, потребна му е победа, но и Атлетико Мадрид да не победи на гости против Валјадолид, за да ја освои титулата во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













