Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, јавно ги критикуваше менаџерот и играчите по уште еден пораз во Премиер – лигата. Руни тврди дека денешниот Јунајтед повеќе не го препознава како клуб каде што создаде историја.
Иконата на Манчестер Јунајтед, отворено призна дека нема доверба во менаџерот Рубен Аморим. Неговите зборови дојдоа по уште еден тежок пораз, овојпат од Брентфорд.
Јунајтед ја започна сезоната катастрофално, забележувајќи само две победи во Премиер лигата, против Бернли и ослабениот Челзи.
Тимот дополнително потона по елиминацијата од Карабао купот уште во првиот натпревар, и тоа од нисколигашот Гримсби.
Аморим, кој има само 40 години, тврдоглаво инсистира дека неговата тактичка филозофија не е проблемот на „Олд Трафорд“.
Тој дури порача дека „ни папата“ не би можел да го натера да го промени стилот на игра.
Сепак, ниту комплетните летни подготовки, ниту бројните засилувања не помогнаа да се избегне нов дебакл по минатосезонското 15-то место.
Руни признава дека едноставно не гледа начин Аморим да го сврти курсот на екипата.
„Едноставно не е доволно добро, ниту од менаџерот, ниту од играчите, едноставно не е доволно добро“, изјави Руни во подкастот „The Wayne Rooney Show“.
„Не знам што се случува. И јас сум се обидел во менаџерската работа и не ми оди баш најдобро, па разбирам што се случува“, додаде поранешниот тренер на Дерби Каунти и Бирмингем.
„Рубен Аморим е моја возраст, малку помлад, сѐ уште е млад менаџер. Сигурен сум дека го чека светла иднина. Но што се случува со Манчестер Јунајтед? Не го препознавам целиот клуб. Искрено се надевам дека може да ја сврти ситуацијата и ќе успее. Но ако ме прашате дали верувам во тоа – по сè што видов, искрено, немам доверба.“
Руни не ги штедеше ни фудбалерите.
„Не гледам борба кај играчите, не гледам карактер, не гледам желба за победа, не гледам квалитет, не гледам играчи кои решаваат натпревари, ништо што може да ме подигне од столчето“, продолжи тој.
„Дојдов да го гледам тимот и помислив: ете повторно, ќе изгубиме или евентуално ќе земеме бод. Ова не е Манчестер Јунајтед.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













