Вејн Руни, легендата на Манчестер Јунајтед и англиската фудбалска репрезентација, во интимна исповед за подкастот „Rio Ferdinand Presents“, отворено зборуваше за тешкиот период низ кој минувал во раната фаза од својата кариера.
Тоа особено се однесува на проблемите со алкохолот и внатрешните борби кои речиси го чинеле живот.
„Искрено верувам дека ако Колин не беше покрај мене, денес веројатно немаше да бидам жив“, изјави Руни, зборувајќи за својата сопруга со која е заедно уште од тинејџерските денови.
„Колин е неверојатна. И двајцата сме од Крокстет, пораснавме заедно, почнавме да се забавуваме како деца, подоцна се венчавме и добивме деца. Кога имав 17 години, таа сфати каков сум – знаеш, бев опседнат со фудбалот, но исто така сакав и да излегувам. Таа рано го забележа тоа и ми помогна на некој начин да го контролирам.“
Руни, денес втор најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација (зад Хари Кејн), не бега од признание дека правел сериозни грешки.
„Направив многу грешки, сè тоа е документирано. Понекогаш сум различен, понекогаш се губам, но таа ме држи на вистинскиот пат веќе повеќе од 20 години. Таа е најдобрата личност што сум ја запознал“, истакна Руни за својата сопруга.
Во разговорот со поранешниот соиграч Рио Фердинанд, Руни откри дека во еден период од животот имал навика да пие сè додека не ја изгуби свеста.
„Минував низ разни предизвици, на теренот и надвор од него. Алкохолот ми беше засолниште. Кога бев во дваесеттите, знаев да поминам денови затворен дома, без да излезам надвор, само пиев – сè додека не се онесвестам. Не сакав да бидам меѓу луѓе затоа што често се срамев, имав чувство дека сум разочарал многумина. Не знаев како да се справам со тоа, па мислев дека алкохолот ми помага да го пребродам сето тоа“, открива легендарниот напаѓач.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













