Connect with us

Вејн Руни ќе биде тренер на ДЦ Јунајтед

Вејн Руни ќе се врати во МЛС – лигата и ќе го преземе кормилото на ДЦ Јунајтед, клубот за кој настапуваше како играч од 2018 до 2020 година и за кој на 52 одиграни натпревари постигна 25 гола и имаше 14 асистенции.


Пред неполни три недели беше потврдено дека Руни повеќе не е тренер на англискиот третолигаш Дерби Каунти. Легендарниот англиски репрезентативец го презеде клубот во јануари минатата година, а откако испадна во третата лига, реши да се повлече од функцијата. Тој порача на клупското раководство дека подобро е да донесат некој со нова енергија.

Дерби Каунти минатата пролет беше исфрлен во третата лига за првпат по 36 години, најмногу поради одземањето на 21 поен што клубот го претрпе поради банкрот и прекршување на прописите за профитабилност и одржливост, наметнати кога стадионот „Парк на гордоста“ беше продаден на поранешниот сопственик Мел Морис.

Руни играше за тој клуб, веднаш по враќањето од САД. Прво ја имаше улогата на играч-тренер, а потоа само тренер. Најдобрите денови од својата играчка кариера ги помина во Манчестер Јунајтед, а почетоците ги имаше во Евертон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови