
Валенсија оствари минимална, но многу вредна победа од 1-0 против Севилја во натпревар од 31. коло на шпанската Ла Лига. Херој на вечерта беше Хави Гера, кој во самиот финиш на првото полувреме ја смести топката во мрежата на Севилја и го реши натпреварот.
Иако гостите имаа повеќе обиди и создадоа повеќе шанси, одличниот Гиорги Мамардашвили го затвори својот гол и со неколку брилијантни интервенции ги сочува трите бода за Валенсија. Севилја доби и пенал по една контроверзна ситуација, но по ВАР прегледот, судијата ја повлече одлуката.
⚽️ GOAL: Javier Guerra
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 11, 2025
🇪🇸 Valencia 1-0 Sevillapic.twitter.com/Klv4ZNZtMA
Клучниот момент се случи во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме – Хави Гера мајсторски се ослободи во шеснаесетникот и по асистенцијата од Диего Лопез, прецизно ја погоди внатрешната страна од десниот дирек за 1-0.
Со оваа победа, Валенсија се искачи на 12. позиција со 37 бодови, додека Севилја останува веднаш зад нив, на 13. место со 36 поени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
