
Вардар ја прекина серијата од четири меча без победа и триумфираше на гости против Борец со 0-2. Таму каде што сите други не можат да победат, Вардар успева да освои бодови, на гостувањето во Велес. Тренерот Александар Васоски кој денеска го слави 41. роденден е среќен за триумфот.
„Среќен сум за момците. Максимално се бореа на овој тежок терен. Трениравме на вештачка трева, но во првиот дел имавме проблеми да ја изнесеме топката од сопственото поле и поради силниот ветар. Сето тоа се промени во вториот дел, беше подобро за нас. Ние ги искористивме шансите за разлика од Борец. Мора да бидеме задоволни, ретко која екипа освојува бодови во Велес“, вели Алкесандар Васоски.
Вардар победи со 0-2, со головите на Јован Попзлатанов и на Матеј Цветаноски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
