По поразот во претходното коло на гостувањето против Струга ТЛ, лидерот во домашниот шампионат Вардар посакува враќање на победите во Првата македонска фудбалска лига. Ги очекува „вардарци“ тешка задача во денешното 15. коло против Шкупи, но се подготвени за максимален ангажман во желбата за три бода.
Во таборот на Шкупи ја препуштаат фаворитската улога на Вардар, но потенцираат дека посакуваат да дојдат до триумф како би ја прекинале онаа низа која трае 20 години без победа против „црвено-црните“ на најголемиот македонски стадион.
„Максимално ја искористивме паузата од две недели за добро да се подготвиме за натпреварот со Вардар. Секогаш интересна дерби пресметка, без разлика каде се наоѓаат двете екипи на табелата. Вардар сега не пречекува како лидер, тим кој максимално го почитуваме. За нас и реми би било добар резултат, но тоа не значи дека нема да атакуваме на победата. Огромен е мотивот кај нас поради фактот дека не сме славеле против Вардар на нивниот стадион веќе 20 години. Посакуваме тоа да успее сега како дополнение на амбициите за европски излез“ – вели капитенот на Шкупи, Мухарем Бајрами.
Во тетовската пресметка Шкендија ја пречекува Ренова. Сосема е јасно дека Шкендија ја носи фаворитската улога верувајќи дека може да дојде до триумфот. Победа за дополнително доближување до челниот Вардар на табелата, а во очекување на нов кикс на лидерот.
Академија Пандев ја носи фаворитската улога на домашен терен против Струга Трим Лум, но јасно е дека ги чека повеќе од тежок дуел против екипата која во низа изненадува фаворити. Во секој случај, желбата на „пандевци“ е продолжување на трката за врвот со Вардар.
ПРВА ЛИГА – 15. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА
Струмица: АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ
Велес: БОРЕЦ – СИЛЕКС
ВЧЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-0
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal