
Најтрофејниот македонски клуб е цврсто решен со продолжување на низата без пораз во домашниот шампионат да ја зачува предноста на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига и по гостувањето против Струга Трим Лум во 14. коло.
„Вардарци“ гостуваат во Струга носени од желбата за продолжување на низата од 12 едноподруго натпревари без пораз, иако повеќе од свесни дека ги очекува тешка задача против тим кој игра одлично на домашен терен.
Академија Пандев, пак, се соочува со сериозни проблеми со повредени фудбалери но верува дека може да извлече позитивен резултат на гостувањето против Ренова во Тетово.
Интересен дуел се очекува и во Велес каде Борец ја пречекува Македонија ЃП. Велешани не знаат за пораз пред своите навивачи верувајќи дека така ќе остане и по оваа рунда натпревари.
ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ
Велес: БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ (13 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
