Connect with us

Вардар со пенал во 100-та минута го победи Силекс и се врати на врвот на табелата

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, оствари тешко изборен триумф од 2-1 против Силекс во последниот натпревар од 11-тото коло на Првата фудбалска лига. Со оваа победа, „црвено-црните“ повторно се издигнаа на врвот на табелата со 27 бода, еден повеќе од Струга и три во однос на Шкендија.

Натпреварот започна со отворена игра од двете страни. Првата прилика ја имаше Дарко Додев, но без посериозен ефект, додека Азер Омерагиќ на спротивната страна успеа да ја искористи својата шанса – во деветтата минута излезе сам пред голманот и рутински погоди за водство на Вардар.

Силекс возврати брзо – само пет минути подоцна, Хрвановиќ ја реализираше одличната акција на Пиреш и израмни на 1-1. Вардар продолжи со иницијатива, а најдобрата можност за ново водство ја имаше Мато во 17-тата минута, но Донов спречи гол на самата линија.

Во второто полувреме, Вардар имаше повеќе од играта, а во 84-тата минута Силекс остана со играч помалку поради исклучувањето на голманот Љупче Џеков, кој направи фаул надвор од шеснаесетникот врз Спахиу.

Пресудниот момент се случи во судиското продолжение – судијата Бафто досуди пенал за Вардар по игра со рака на Ефтимов во шеснаесетникот. Сигурен реализатор беше Роџерс Мато, кој го постави конечниот резултат 2-1 и му донесе нови три бода на Вардар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови