
Најтрофејниот македонски клуб Вардар испадна во второлигашка конкуренција откако загуби со 1-0 на гостувањето во Струга. Марјан Алтипармаковски од пенал во 67.минута го постигна победничкиот гол за стружани кои со овој триумф се искачија на третото место на табелата во пресрет на последното коло. Шкендија им заврши голема работа совладувајќи ја Македонија ЃП во Ѓорче Петров со 3-4.

Бесарт Ибраими во 3. и во 17.минута донесе предност од 0-2, но Самир Фазли и Робсон да Силва од пенал израмнија на 2-2.
Дашмир Елези во 51.минута повторно донесе предност за Шкендија, израмни Боби Божиновски во 83.минута, но Арменд Алими во 91.минута ги пресече „лавовите“.
Работнички го совлада Силекс со 3-1. Штерев во десеттата минута донесе водство за кратовци, но израмни Марио Станковски во 23.минута. Во вториот дел „романтичарите“ дојдоа до триумф преку Тодоровски и Ѓурѓевиќ.

Академија Пандев со 0-2 славеше во струмичката пресметка со Беласица. Игор Паноски во втората минута и Марио Крстовски од пенал во 14.минута стрелаа за „пандевци“.
Борец во директната пресметка за опстанок ја совлада Ренова со 2-0. Александар Мишов го постигна водечкиот гол, а Еди Баша ја потврди победата во судиското продолжение.

Шкупи и Пелистер ремизираа без голови.
ПРВА ЛИГА – 32.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 3-4
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ВАРДАР 1-0
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 3-1
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 0-0
БОРЕЦ – РЕНОВА 2-0
БЕЛАСИЦА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
