Вардар утре патува за Швајцарија, каде го очекува реваншот против Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига. „Црвено-црните“ имаат предност од првиот натпревар (2-1), а добра вест за тимот секако е враќањето на капитенот Горан Закариќ.
Физиотерапевтот Јован Димовски потврди дека Закариќ, кој поради повреда го пропушти првиот дуел со Лозана, е целосно подготвен за настап и ќе патува со екипата.
„Горан се враќа во тимот и неговото присуство ќе има големо значење. За жал, Михаил Талески има проблем со коленото и нема да биде во комбинација за овој натпревар“, изјави Димовски.
Закариќ се повреди на реваншот од првото квалификациско коло во Сан Марино, но навреме се опорави за вториот дуел со швајцарскиот претставник. Реваншот се игра во четврток во Лозана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нов дебакл за Ливерпул (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Харви Барнс го урна Сити (ВИДЕО)













