
Иднината на Рафаел Варан во тимот на Реал Мадрид станува сè понеизвесна, а сега и самиот фудбалер одби да одговори на прашање околу неговото можно заминување од Мадрид. “Мојата иднина е јасна. Фокусиран сум на крајот на оваа сезона. Се наоѓаме во многу интензивен и клучен момент”, рече Варан.
Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, “кралскиот клуб” и Варан сè уште немаат отворено преговори околу продолжување на договорот кој истекува следното лето. Ако двете страни не успеат да пронајдат “заеднички јазик” до крајот на оваа година, тогаш Французинот ќе може да потпише преддоговор со кој било друг клуб.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез беше прилично немилосрден кога го прашаа за ситуацијата на Варан, што може да биде дополнителен показател дека дефанзивецот се наоѓа на излезните врати на “Сантијаго Бернабеу”. За него, во моментов, највеќе интерес покажува англиски Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
