
„Ливерпул мора да престане да прави глупави грешки“, изјави капитенот Вирџил ван Дајк по поразот со 0-1 од Галатасарај во натпревар од Лигата на шампионите. „Црвените“ не само што претрпеа втор пораз по ред, туку и голманот Алисон Бекер се повреди.
„Мразам да губам. Нема место за паника, но дефинитивно мора да играме подобро. Направивме чекор напред во однос на желбата да работиме повеќе, да се вложуваме повеќе, но тоа не беше тешко, бидејќи за време на викендот против Кристал Палас изгледавме навистина лошо. Мора да ги реализираме шансите и да престанеме да правиме глупави грешки. Лесно е да се каже, но мора и да го правиме тоа. Продолжуваме да работиме и гледаме напред кон следниот натпревар“, изјави Ван Дајк по мечот.
Ливерпул загуби со гол од пенал на Виктор Осимен и го запиша првиот пораз во Лигата на шампионите по победата со 3-2 против Атлетико Мадрид пред две недели.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal
