
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, призна дека неговиот тим имал доза на среќа за да освои бод во дербито против Манчестер Јунајтед, кое заврши 2-2. Според Холанѓанецот, Ливерпул избегнал пораз во самиот финиш, откако гостите пропуштија одлична шанса да постигнат трет гол.
„Работите можеа да бидат многу полоши за нас, ако сме целосно искрени. Тие имаа голема шанса на крајот, и ситуацијата можеше да биде многу понеповолна од оваа. Секако, разочаран сум што загубивме бодови дома, но такви се околностите, и мораме да продолжиме напред, и ќе го направиме тоа.
Дојдовме до 2-1 и потоа требаше да се обидеме да ја контролираме играта и да ја задржиме топката подолго од три или четири додавања. Во одредени моменти премногу лесно ја губевме топката и тогаш бевме поотворени отколку што требаше да бидеме. Не сме совршени, сè уште учиме и мораме да извлечеме поуки и од ова“, изјави Ван Дајк.
Ливерпул има шест бода предност во однос на Арсенал на врвот на табелата и еден одигран натпревар помалку од „топчиите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
