
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, премногу го посакува трофејот во Лигата на шампионите. 23-годишниот Уругваец дури се пошегува дека е подготвен да ја „жртвува“ сопругата за успех во големото финале против Ливерпул.
„Што би дал за трофејот во Лигата на шампионите? Се, освен син ми… Можеби би ја дал и на жена ми, хахах… Ова не е шега! Не секој ден имате можност да играте во финалето. Се надевам дека ќе можам да го подигнам трофејот“, изјави Валверде во интервју за АС.
Неговата сопруга Мина Бонино е аргентинска спортска новинарка и ја прифати шегата на Валверде.
„Верувајте дека знам колку многу Феде посакува да го освои тој трофеј“, изјави Мина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
