
Дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт, ги воодушеви навивачите со изјава по саботната победа против Лидс (4-1) во 29. коло од Премиер – лигата. Претходно, Манчестер Сити со ист резултат го победи Ливерпул во дербито, а „топчиите“ по триумфот над Лидс набрзо ги врати осумте бода предност на врвот.
Кога Вајт беше прашан што мисли за тоа, односно за Манчестер Сити, тој даде неверојатна изјава.
„Не следам фудбал, бев фокусиран само на денешниот натпревар. Се зборува многу, но одиме чекор по чекор . Не знам што е правилно, а што е погрешно, никогаш не сум бил во оваа позиција, да се борам за титула. Работиме во тишина, со наведнати глави и сакаме да победиме на наредниот меч“, изјави Вајт.
Навивачите се воодушевени од делот од изјавата во кој Вајт признава дека не следи фудбал иако е професионален фудбалер.
„Боже, нема шанси да го кажал тоа. Тој е фудбалер и не следи фудбал! Дајте му доживотен договор, тој е неверојатен”, „Дајте му нов договор” и „Замисли да си толку добар во спорт кој не те интересира“, се само дел од коментарите на Твитер.
Вајт дојде во Арсенал во 2021 година за 58 милиони евра. Тој има потпишано договор до 2026 година и има 37 настапи оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција
