Connect with us

Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски заокружи уште една неуспешна тренерска епизода. Тој реши да поднесе оставка од тренерската функција во кипарскиот прволигаш Етникос Ахна. Македонскиот стручњак на клупата остана нешто помалку од два и пол месеци.

По серијата од пет порази, Ангеловски беше под голем притисок, и тоа резултираше со одлука да замине. По поразите од Аполон, Омонија, Олимпијакос Никозија, АЕК Ларнака и Хлорака, тој имаше состанок со раководството на клубот од кој произлезе и конечна разделба.

Ова не е првпат поранешниот македонски селектор да има краткотрајни ангажмани во странство. Кратко го водеше хрватскиот клуб Горица, потоа казахстанскиот Каспиј, а сега Етникос, но на ниту едно место не остана подолго од неколку месеци.


Игор Ангеловски на почетокот на тренерската кариера успешно го водеше Работнички, а ја предводеше македонската репрезентација на Европското првенство во 2021 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови