Aргентинскиот клуб Химназија ла Плата каде што како тренер работеше Диего Армандо Марадона се до смртта, одлучи да го следи примерот на италијанскиот калчолигаш Наполи и ќе го преименува стадионот според легендарниот фудбалер.
Марадона минатата година седна на клупата на Химназија, а сезонава учествуваше само на еден натпревар на тимот и тоа на стартот од првенството. Причината за тоа беше неговата здравствена состојба.
Една трибина од стадионот „Диего Армандо Марадона“ на Химназија ла Плата ќе го носи името на Алехандро Сабеља кој исто така почина неодамна. Сабеља беше селектор на Аргентина и ја предводеше националната селекција до финале на Светското првенство во 2014 година.
Третиот стадион кој го носи името на Марадона е објектор на Аргентинос Јуниорс, матичниот клуб на Диего.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи













