Connect with us

УЕФА упатство за одржлива инфраструктура

Фудбалската федерација на Македонија ја истакна критичната важност од инвестирањето во фудбалската инфраструктура. Исто така ФФМ го упатството од УЕФА за одржлива инфраструктура.

По повод ова упатство, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамеd Сејдини, истакнува:

Како Фудбалска федерација на Македонија имаме обврска да ја истакнеме критичната важност од инвестирањето во фудбалската инфраструктура.

Фудбалската федерација на Македонија го претставува упатството од УЕФА за одржлива инфраструктура. Одржливата инфраструктура во фудбалот нуди долгорочни придобивки за сите чинители, полезна е за животната средина и помага да ги зачуваме заедничките простори за локалната средина. 

Овој прирачник опфаќа теми како што се цел, локација, проект, концепција и изградба, терен и уредување на околината. Во исто време дава увид во фазата на управување со

инфраструктурата, главно фокусирајќи се на употребата на вградена технологија воинфраструктурата на стадионот и теренот и начините за справување со предизвиците при управување со настани и отпад, вклучувајќи го здравјето и безбедноста.

Во продолжение првиот човек на нашата Фудбалска федерација, посочи што значи подобрена инфраструктура, поточно квалитетните терени, модерните стадиони…

“„Квалитетната инфраструктура не само што го подобрува целокупното фудбалско искуство, туку претставува основа за нови таленти. Квалитетните терени, модерните стадиони и соодветните капацитети за тренинг и подготовка се суштински елементи во создавањето на нова генерација фудбалски ѕвезди.

Надвор од самиот спорт, фудбалската инфраструктура значително придонесува за локалните економии. Стадионите изградени според високи критериуми, привлекуваат повеќе навивачи, а тоа неминовно доведува до зголемени комерцијални и деловни можности со трајно влијание врз социјалното и економското ткиво на нашите заедници.

Во стремежот за изградба на фудбалска инфраструктура, ние мора да ги почитуваме еколошките стандарди, да ги прифатиме практиките за користење на обновлива енергија, оптимизирано користење на вода и енергија или создавање поефикасна кружна економија.

Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија ги повикувам сите чинители да дадат свој придонес за развојот на фудбалската инфраструктура користејќи го овој прирачник. Можеме многу, но само со помош и поддршка од соработниците, но и луѓето од фудбалската база која мора да биде темел на сѐ

Фудбалската федерација на Македонија веќе ги почитува упатствата и препораките за одржливост дадени од УЕФА и ги повикува сите останати заинтересирани страни да го сторат истото и да ги земет во предвид при своите инвестиции“.  

На линкот во продолжение можете да го превземете Упатството за одржлива инфраструктура:

УПАТСТВО ЗА ОДРЖЛИВА ИНФРАСТРУКТУРА

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови