
УЕФA ги продаде ТВ правата од европските клупски натпреварувања од 2024 до 2027 година за 15 милијарди евра, пренесува „Марка“.
Краткото постоење на Европската Суперлига влијаеше на УЕФА да дејствува и да се обиде на секој начин да дојде до поголеми суми пари за клубовите да бидат што е можно позадоволни од приходите остварени во нивните натпреварувања. Европската куќа на фудбалот успеа да ги продаде телевизиските права за следниот циклус на своите турнири во вредност од 15 милијарди евра, од кои 51 отсто остануваат во организацијата, а 49 отсто или 7.350.000.000 евра ќе бидат проследени на клубовите.
Вкупниот остварен приход е за цели 40 отсто поголем во однос на актуелниот договор што УЕФА го има со телевизиските куќи.
Причина за зголемувањето е промената на форматот на натпреварувањата, пред се Лигата на шампионите, која ќе следи од 2024 година. Ќе учествуваат 36 клубови и ќе се одиграат повеќе натпревари. Исто така, експанзијата на европскиот фудбал на американско тло е огромна, интересот за Лигата на шампионите никогаш не бил поголем, а вредноста на ТВ правата од Западот е тројно зголемена.
„Драго ни е што има толку голем интерес од реномирани актери. Воодушевени сме што новиот договор ќе овозможи понатамошна распределба на средствата на клубовите ширум Европа и што ќе се постигне одредена финансиска стабилност“, изјави првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
