Европската фудбалска организација донесе одлука да не бидат организирани меѓународни фудбалски натпревари во Ерменија и во Азербејџан поради воениот конфликт во регионот на Нагорно Карабах. Ова значи дека Македонија нема да гостува во Ерменија во Лигата на нации на 18 ноември, туку мечот ќе се одигра на неутрален терен, во друга држава.
УЕФА дополнително ќе го одреди заменскиот стадион и град.
Исто така УЕФА го одзеде и домаќинството на Баку за ЕП 2020. Најверојатно ќе биде одреден друг град домаќин ако впрочем не биде сменет и целиот концепт на многу градови-домаќини, со оглед на пандемијата на коронавирусот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













