Водечките европски фудбалски клубови ќе загубат повеќе од 8 милијарди евра поради пандемијата на коронавирусите, се вели во извештајот на Европската фудбалска федерација (УЕФА).
Извештајот покажува дека 4 милијарди евра се изгубени поради непродадени билети, 2,7 милијарди евра од спонзорски договори и 1,4 милијарди евра од приходите од ТВ-права.
УЕФА наведува дека е неопходна реформа на правилата за финансиски фер-плеј и дека надоместоците и заработката од трансфери мора да се намалат на прифатливо ниво.
Исто така, во извештајот на Европската куќа на фудбалот се споменува Суперлигата, која според нив би имала „катастрофално влијание врз европскиот фудбал од спортска, емоционална и финансиска перспектива“.
„Одмеднатата лига не може да биде одговор на пандемијата“, се додава во извештајот.
„Враќањето на финансиската стабилност и раст бара процес на финансиска дисциплина, внимателно управување и долгорочно планирање. Само со почитување на пирамидата, принципите на промоција и спортски заслуги, европскиот фудбал ќе може да продолжи да расте”, се вели во извештајот на УЕФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













