УЕФА донесе одлука да го одземе правото на домаќинство на шпанскиот град Билбао за натпреварите од Европското првенство. Градот Билбао не успеа да ги исполни условите за организација во услови на пандемијата на коронавирусот. Градските власти не можат да гарантираат дека 60% од граѓаните ќе бидат вакцинирани до почетокот на ЕП, а болниците да не се исполнети со повеќе од 2% од капацитетот со новозаразени со Ковид-19.
Севилја е градот со најмногу шанси да ја добие организацијата на натпреварите кои беа предвидени да се играат во Билбао, каде Шпанија треба да игра против Шведска, Полска и против Словачка.
Покрај Билбао, и Минхен и Даблин се уште се спорни како домаќини за Европското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













