
Одложениот натпревар од баражот од Лигата на Нации меѓу Македонија и Косово што требаше да се игра на 26 март е презакажан за месец јуни, а точниот термин ќе биде дополнително утврден. Ова беше потврдено и од страна на УЕФА, по денешните разговори што претседателот Чеферин ги имаше со сите челници на националните федерации, при што беше дискутирано за промена на термините на сите натпреварувања под капата на европската куќа на фудбалот.
Главната донесена одлука е одложувањето на ЕП 2020, и тоа за една година, па новиот термин за почеток на континенталниот собир е 11 јуни 2021, а финалето од овој шампионат е закажано за 11 јули 2021 година. Одлагањето на европскиот шампионат ослободи нови термини, па се очекува сите прекинати лиги ширум Европа да завршат до крајот на месец јуни, за кога се закажани и финалните натпревари од Лигата на шампионите и од Лигата на Европа.
УЕФА состави работна група што ќе треба да ги утврди точните термини за средбите од Лигата на Нации, како и за завршницата од ЛШ и од ЛЕ.
Македонија и Косово ќе ги одмерат силите во полуфиналето од Д-групите од Лигата на Нации. Победникот од овој меч, кој најверојатно ќе се игра пред публика, потоа во финалето од Лигата на Нации ќе се сретне со подобриот од мечот Грузија – Белорусија. Победникот од тој финален натпревар ќе обезбеди место на европскиот шампионат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија
