Connect with us

Удинезе го изненади Наполи, нов пораз на Фиорентина (ВИДЕО)

Удинезе приреди сензација во новото коло од Серија А, откако на домашен терен успеа да го совлада фаворизираниот Наполи со минимални 1-0.

Решавачкиот погодок го постигна Холанѓанецот Јирген Екеленкамп во 73. минута. Претходно мрежата на Наполи двапати беше затресена, но головите на Дејвис и Заниоло беа поништени поради офсајд, односно прекршок. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас започна како стартер за Наполи и беше на теренот речиси во текот на целиот натпревар.

Во исто време, Фиорентина продолжува со лошата серија резултати. „Виолетовите“ доживеаја нов пораз пред својата публика, овојпат од Верона со 1-2.

Гостите поведоа преку Орбан, израмнувањето дојде по автоголот на Нуњез, но истиот фудбалер повторно беше херој на Верона, постигнувајќи гол во третата минута од судиското надополнување за голема победа на својот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови