
Поранешниот играч на Партизан, Симон Вукчевиќ, е приведен во Ужице, поради нелегално поседување оружје, откриваат српските медиуми.
Вукчевиќ бил уапсен на граничниот премин Гостун во саботата, кога требало да ја напушти Србија. Во неговиот автомобил биле пронајдени пиштол и 126 куршуми.
Поради сомнение дека сторил кривично дело од Законот за оружје, на Вукчевиќ му е одредена мерка притвор до 30 дена.
Симон Вукчевиќ го носеше дресот на Партизан во периодот од 2003 до 2006 година и за тоа време за „црно-белите“ забележа 52 настапи, додека 13 пати беше стрелец.
По тригодишна епизода во Партизан, кариерата ја продолжи во странство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
