Македонската репрезентација до 17 години ја запиша втората победа против Босна и Херцеговина на контролниот натпревар одигран на гостински терен (2-3), два дена откако на првиот дуел со истиот ривал избраниците на селекторот Канатларовски триумфираа со 1-3.
Денешниот дуел донесе интересен фудбал и пресврти, Македонија прва поведе преку Стојановски, а потоа доаќините набрзина направија пресврт со двата гола на Александар Кахвиќ. „Црвено-жолтите“ не само што не се предадоа, туку направија целосен пресврт. Во главна улога беше Бесарт Гуџуфи, кој во 79. минута погоди за израмнување на асистенција на Поповски, а потоа беше прецизен и во 84. минута по центаршутот на Софијаноски.
Македонија до 17 години: Васко Василев, Никола Павлески (59. Азур Шехиќ), Енис Буќи, Матеј Ангелков, Дашмир Елези, Метин Иљази (46. Бесар Гуџуфи), Георг Стојановски (85. Ерлон Шуку), Ардијан Чилафи (65. Матео Софијаноски), Мирче Стоилов (27. МАрко Ристов), Марко Софијаноски (46. Донарт Ибраими, 85. Аљбан Шабани), Борјан Попоски. Селектор: Драги Канатларовски;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













