Македонската репрезентација до 19 години на 12. и 15. август на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одигра два контролни натпревари против ФК Тиквеш и ФК Шкендија. Селекцијата предводена од Шкумбин Арслани ќе одработи петдневни подготовки, вклучувајќи ги и двата тест натпревари, а овие активности се прва подготовка за октомвриските квалификации на репрезентацијата до 19 години за турнирот во Чешка за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство.
„Нашиот план е да реализираме тренинг камп од 10. до 15. август на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Со оглед на тоа дека мина релативно долго време од нашиот последен собир, сметам дека е позитивно и самото тоа што повторно ќе бидеме заедно и ќе се фокусираме на фудбалските обврски. Соочени со пандемијата, во изминатиот период пропуштивме голем број меѓународни натпревари, кои секако ќе беа од голема корист за оваа селекција, но ова е нова можност и се надевам дека се ќе помине во најдобар ред. Тренинзите и натпреварите ќе бидат од корист за сите, а ние ќе добиеме подобар увид во формата на фудбалерите. Повик добиваат 23 фудбалери, сметаме дека ги повикуваме најдобрите во моментот, надополнети со двајца нови повикани репрезентативци. Временската рамка е кратка за оваа селекција, затоа што веќе во октомври не очекуваат квалификации во Чешка, така што секој што е повикан и добива шанса, очекуваме да дадат се од себе и максимално да одговорат на зададените задачи“ – изјави селекторот на репрезентацијата Шкумбин Арслани.
Селекторот Шкумбин Арслани за подготовките во Скопје нема да смета на Марио Илиевски од бугарски 11-ти Септември и Кристијан Тасевски од Аугзбург кои имаат клупски обврски, а поради повреда од тимот ќе отсуствуваат Али Асани од Вардар и Бесфорт Арифи од холандски МВВ Мастрихт.
Голмани: Кристијан Китаноски (Брегалница), Кире Новаков (Триглав Крањ, Словенија), Марко Алчевски (Академија Пандев);
Одбрана: Албин Саити (Х. Драговољац, Хрватска), Филип Костовски (Силекс), Бенјамин Далипи (Х. Драговољац, Хрватска), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Имран Фетаи (Шкендија), Виктор Крстевски (Вардар), Славе Маркоски (Охрид Лихнидос), Алтрим Јакупи (Шкендија);
Среден ред: Хамза Рамани (Велазерими), Иван Николов (Академија Пандев), Сава Аврамовски (ОФК Београд), Димитар Тодоровски (Работнички), Филип Андоновски (Вардар), Бехар Фета (Шкендија), Леонид Игњатов (Хајдук, Хрватска);
Напад: Методи Максимов (Работнички), Лука Станковски (Работнички), Арда Окан Курт (Фенербахче, Турција), Азер Омерагиќ (Хајдук, Хрватска), Луан Абази (Ст. Гален, Швајцарија).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Веќе немавме сили, многу сме истрошени
Евро-фудбал
Спалети: На моменти играта ни беше срамна
Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Ќе помине и овој тежок период
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













