Белгискиот репрезентативен голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изјави по поразот од Манчестер Сити (1-2) дека тимот е обединет зад својот тренер Чаби Алонсо, чия позиција е сериозно загрозена.
„Мислам дека докажавме дека сме обединет тим, дека го поддржуваме тренерот и дека сите се боревме за да ја смениме динамиката“, изјави голманот по вториот пораз во три дена на „Сантијаго Бернабеу“.
„Го разбирам гневот по серија вакви натпревари, но мислам дека реагиравме на теренот, направивме сè што можевме и загубивме од многу добар противник. Сите тука ќе го браниме тренерот до смрт. А со победа над Алавес во недела можеме да ја промениме динамиката“, додаде тој.
Родриго постигна гол по долг „пост“, а потоа веднаш истрча да го прослави со тренерот Чаби Алонсо, иако во поголем тек од сезоната досега токму тој го остави на клупата за резерви.
„Ние сме со тренерот до смрт. Реал Мадрид ќе го надмине ова и ќе се вратиме посилни“, изјави Родриго.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













