Џамал Мусијала и Лирој Сане се под знак прашалник за првиот полуфинален меч на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, објави тренерот Томас Тухел на прес-конференција. Двата тима ќе се сретнат утревечер во Германија.
„Ќе донесеме некои важни одлуки во последен момент. Некои од нив се поврзани со Џамал и Лирој“, изјави Тухел.
Мусијала има повреда на коленото, а Сане се бори со истегнување на мускулот. Двајцата ќе тренираат вечерва на лесна основа, додека Конрад Лајмер, кој беше заменет викендот поради повреда на скочниот зглоб, најверојатно ќе игра, додаде Тухел. Сепак, ситуацијата не изгледа добро со Матијс де Лихт и Дајот Упамекано кои најверојатно ќе го пропуштат првиот натпревар.
Серж Гнабри е подготвен за игра по опоравувањето од повредата.
„Реал Мадрид против Баерн Минхен е еден од најголемите натпревари во модерниот фудбал. Сите навивачи се среќни што двата тима ќе вкрстат еден против друг, а истото важи и за играчите“, додаде голманот Мануел Нојер.
„Знаеме колку ќе биде тешко да стигнеме до финалето. Мораме да бидеме фантастични и во двата натпревари“, изјави Нојер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













