Англискиот премиерлигаш Челси има одлична предност (2-0) од првиот дуел против Порто во четвртфиналниот двомеч од Лигата на шампионите, но менаџерот Томас Тухел не сака да препушти ништо на случајноста. Вели дека тимот мора да се фокусира на возвратните 90 минути на „Стемфорд бриџ“.
„Се уште не сме во полуфиналето. Ќе мора да одиграме двојно подобро на вечерашниот меч против Порто и да го заокружиме пласманот меѓу четирите најдобри. Потоа ќе „сонуваме“ за евентуалното финале и во ЛШ и во ФА купот на Англија.
Тука сум со една цел, да победувам и да освојувам титули. Но, нема потреба предвреме да сонуваме, туку да се фокусираме на секој нареден натпревар. Не очекува уште еден тежок натпревар со Порто и треба да одиграме најдобро што знаеме за да не дозволиме да ја испуштиме тешко стекнатата предност“, изјави Томас Тухел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













