Connect with us

Црвена Звезда му нуди на Душан Тадиќ највисок договор во историјата на клубот за да дојде на „Маракана“

Српскиот шампион Црвена Звезда прави сериозни напори за да го ангажира поранешниот репрезентативец Душан Тадиќ, нудејќи му договор кој би бил највисок во историјата на српскиот фудбал.

Како што потврди спортскиот директор Митар Мркела, клубот веќе испратил официјална понуда, а шансите Тадиќ да го облече дресот на „црвено-белите“ се околу 50 проценти.

Доаѓањето на Тадиќ на „Маракана“ би било вистински спектакл за навивачите, а медиумите веќе ги открија деталите од понудата: договор на две години со можност за продолжување уште една сезона, годишна нето плата од 2.000.000 евра, бонуси: 200.000 € за пласман во Лигата на шампионите, 30.000 € по освоен бод во ЛШ, 5.000 € за секој гол или асистенција во ЛШ и Лига Европа, 5.000 € по бод во ЛЕ, 30.000 € за освоена титула во српската Суперлига, 10.000 € за освојување на Купот, 5.000 € за секој гол или асистенција во домашни натпревари.

Доколку Тадиќ потпише и има успешна сезона со двојна круна и добри настапи во Европа, неговата вкупна годишна заработка може да надмине 2.500.000 евра.

Овој договор би бил рекорден за српскиот фудбал, а клубот разгледува и можност по завршување на кариерата, Тадиќ да добие директорска улога во Црвена ѕвезда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови