Академија Пандев е единствениот тим со три победи во воведните четири кола од Првата фудбалска лига. Тимот на Александар Васоски со пресврт стигна до триумф од 2-1 против Ренова на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица и се искачи на врвот на табелата со 10 освоени бода.
Ренова поведе со голот на Фатјон Јусуфи во 24.минута, но Академија Пандев возврати силно на почетокот на вториот дел. Андреј Стојчевски во 49.минута успеа да израмни, а Кристијан Велиновски седум минути подоцна се погрижи за целосен пресврт.
Во финишот, Академија Пандев имаше стопроцентна шанса за трет гол преку Зоран Ивановски, но Хадис Велии успеа да одбрани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













