
Англискиот репрезентативец Трент Александер-Арнолд, кој уште од шестгодишна возраст е дел од Ливерпул, ќе се пресели во Реал Мадрид веќе во јануари, иако првично се очекуваше трансфер следното лето кога ќе стане слободен играч.
Според „Дефенса Сентрал“, раководството на Ливерпул одлучило да ја прифати понудата од 50 милиони евра за заменик капитенот, со цел да заработи пред истекот на неговиот договор.
Александер-Арнолд одигра 322 натпревари за Ливерпул и учествуваше во 102 гола, покажувајќи исклучителен ефект како десен бек.
Оваа одлука значи дека навивачите на Ливерпул ги бројат последните недели на Трент на „Енфилд“ пред неговата очекувана преселба во Реал Мадрид, каде што ќе продолжи кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
