
На стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси вечерва од 21 часот ќе се одигра финалето на Светското клупско првенство, а за трофејот ќе се борат англискиот Челси и францускиот ПСЖ. Натпреварот покрај спортската возбуда, дуелот привлекува и политичко внимание.
Според светските медиуми, финалето ќе го следи и актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој покажа голем интерес за фудбалот во својот втор мандат во Белата куќа. Ова не е негово прво појавување на голем спортски настан – претходно беше забележан и на Супербоул во Њу Орлеанс.
Интересот на Трамп за фудбал не е од сега. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, неодамна изјави дека за време на првиот мандат на Трамп, во градината на Белата куќа бил поставен фудбалски гол, а дека неговиот син е вистински вљубеник во овој спорт.
„Ми рече дека фудбалот го сака уште од порано, а неговиот син буквално е опседнат со него. Верувам дека Трамп навистина го сака фудбалот“, изјави Инфантино на отворањето на новиот ФИФА офис во „Трамп Тауер“ во Њујорк.
Присуството на Трамп на финалето се случува и во пресрет на Светското првенство 2026, кое ќе се одржи токму во САД, Канада и Мексико, па овој настан има и симболично значење.
Организаторите најавија високи безбедносни мерки, а интересот од јавноста и медиумите е на највисоко ниво откако беше потврдено неговото присуство. Очекувањата се дека вечерва на МетЛајф ќе се спојат спортот, политиката и глобалното внимание во спектакл кој долго ќе се памети.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина
