
Трагични вести доаѓаат од Белград. Почина Дејан Миловановиќ, поранешен играч од средниот ред на Црвена Звезда. Нему му се слошило попладнево за време на натпреварот на ветераните меѓу Звездара и ПКБ. Брзата помош пристигнала веднаш и го реанимирала на терен, по што бил префрлен во болница, но по два инфаркта неговото срце не издржало.
Натпреварот започнал во 18 часот, а Миловановиќ веќе во седмата минута постигнал гол. Малку подоцна, кога требало да изведе корнер, ја изгубил свеста и паднал на тревникот. Лекарите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат. Тажната вест ја потврди и Лигата на ветерани во соопштение до клубовите:
„Почитувани претставници на клубовите, пред неколку минути, за време на натпревар на ветерани, почина Дејан Миловановиќ, играч на ФК Звездара. Поради оваа причина, следното вонредно коло, кое требаше да се одигра на 18.09, ќе биде одложено.“
Тој е син на легендарниот фудбалер на „црвено-белите“ Ѓорѓе Миловановиќ. Фудбалот го започна во младинската школа на Црвена Звезда, минувајќи низ сите категории, најчесто како капитен, а во првиот тим беше промовиран во 2001 година. Со славната генерација освои три шампионски титули и четири Купа, по што во 2008 година замина во Ленс.
Во традиционалната анкета на „Вечерње новости“ беше прогласен за најдобар играч на Суперлигата во сезоната 2005/06. Пред трансферот во Франција ја одигра својата најдобра сезона во дресот на Звезда, со 11 голови на 34 натпревари, меѓу кои и погодок од слободен удар во 132. „вечно дерби“, кога Партизан беше совладан со 4-1.
Во сезоната 2010/11 се врати во Звезда на позајмица. Вкупно одигра 230 натпревари и постигна 48 гола за „црвено-белите“. Меѓу головите кои навивачите особено ги паметат е и оној против Киево на „Бентегоди“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
