
Манчестер Сити е елиминиран од Лига купот на Англија. „Граѓаните“ загубија со 2-1 на гости кај Тотенхем и го завршуваат брзо својот пат во ова натпреварување. Пеп Гвардиола одмори дел од најдобрите фудбалери, а имаше пех да се повреди и Савињо.
Тимо Вернер и Папе Сар беа стрелци на головите за Тотенхем, а Матеус Нуњес погоди за Сити.
Манчестер Јунајтед одигра блескав натпревар против Лестер и победи на „Олд Трафорд“ со 5-2, во првиот меч по отказот за Ерик тен Хаг. Кашемиро постигна прекрасен гол и всушност беше двоен стрелец на мечот, исто како и Бруно Фернандеш, а погоди и Алехандро Гарначо.
Њукасл го победи Челси со 2-0, со голот на Александер Исак и автоголот на Дисаси, а Арсенал славеше против Престон со 0-3, со головите на Габриел Жесус, Нванери и на Каи Хаверц.
Астон Вила е елиминирана од Лига купот откако загуби дома со 1-2 од Кристал Палас. Даиши Камада беше двоен стрелец за гостите.
Ливерпул со 2-3 на гости го совлада Брајтон. Коди Гакпо беше двоен стрелец, а погоди и Луис Дијаз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
