
Тони Крос го помина поголемиот дел од својата кариера носејќи го дресот на Реал Мадрид, каде што стекна речиси легендарен статус пред да стави крај на играчката кариера. Но, 35-годишниот Германец ги изненади сите со изјавата дека всушност никогаш не бил навивач на „кралскиот клуб“ пред да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.
Во јавноста постоеше гласина која се базираше на стара негова фотографија од детството, на која носи дрес на Реал Мадрид.
„Поради некоја причина имав дрес од Луиш Фиго од Реал Мадрид. Тогаш не сфаќав колку ќе ми користи тоа. Никогаш не сум бил фан на Реал Мадрид. Но, таа фотографија се појави на социјалните мрежи и сите навивачи на клубот веднаш си рекоа: ‘Тој е фан на Реал уште од дете, носел дрес на клубот на седумгодишна возраст’. Тоа не е вистина, но фотографијата ми помогна да воспоставам подобри односи со навивачите“, призна Крос, кој откри дека неговиот омилен клуб отсекогаш бил Вердер Бремен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Рома е сериозна опција за Елиф Елмас

Евро-фудбал
Аталанта го враќа Федерико Киеза во Серија А

Евро-фудбал
Челси тргнува по Чави Симонс

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут
