Connect with us

Томас Милер се враќа во тимот на Баерн за дуелот со Барселона во ЛШ

Томас Милер се врати на тренинзите со тимот на Баерн Минхен и би можел да настапи на натпреварот против Барселона в среда од Лигата на шампионите, додека голманот Мануел Нојер останува надвор од теренот, соопшти клубот.


Милер ја пропушти победата од 2-0 против Хофенхајм во Бундес – лигата викендов поради стомачен проблем. На осумте одиграни натпревари против Каталонците има постигнато осум гола, а на седум забележал победи.

Нојер тренираше во вторникот и најверојатно ќе се врати во тимот по повредата на рамото за саботниот натпревар против Мајнц, но ќе ја пропушти средбата со Барселона.

Баерн Минхен веќе се квалификуваше за нокаут фазата од Лигата на шампионите и ќе го освои првото место во групата доколку победи на „Камп Ноу“, каде ќе се соочи со својот поранешен напаѓач Роберт Левандовски.

Барселона може да се отпадне од игра за осминафиналето и пред мечот доколку Интер победи во другиот натпревар од групата против Викторија Плзен, кој се игра утре, но во раниот термин за ЛШ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови