Англискиот репрезентативен голман Том Хитон доаѓа на „Олд Трафорд“ и ќе потпише договор до јуни 2023 година. Ова всушност ќе биде негово враќање во матичниот клуб каде ја почна сениорската кариера во 2005 година и цели пет сезони беше дел од клубот, но не доби ниедна можност за настап.
Хитон помина многу позајмици, а блесна на голот на Барнли каде беше неприкосновен во периодот од 2013 до 2019 година. Последнава сезона беше одличен и во Астон Вила, по што Оле Гунар Солскјер одлучи да му понуди да се врати на „Олд Трафорд“.
Ова значи дека Давид де Хеа најверојатно ќе замине од Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













