Манчестер Сити со доминантна игра во второто полувреме направи комплетен пресврт на „Паркот на принцовите“ и со триумф од 1-2 во Париз е многу блиску до пласман во големото финале на Лигата на шампионите. Тимот на Пеп Гвардиола прими гол од прекин на игра во 15.минута, кога Маркињос со удар со глава постигна погодок од корнер, но не отстапи од својот концепт за долг посед на топката и бесконечни проигрувања со кои се „уништува“ противникот.
Неверојатен е статистичкиот показател кој вели дека голманот на Манчестер Сити, Едерсон, на мечот против ПСЖ имал повеќе контакти со топката и проигрувања од Килијан Мбапе, најдобриот напаѓач на францускиот тим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski