Connect with us

Тиквеш: Скандалозно судење на Марјан Гоцевски и срамен однос на Кожув (ВИДЕО)

Тиквеш одигра само 1-1 на гостувањето во Гевгелија против Кожув, но кавадарчани се жалат на судењето. По денешниот меч Тиквеш објави соопштение во кое се наведени докази за лошото делење на правдата.

„По скандалозната арбитража на ‘ најдобриот’ судија за 2019 Марјан Гоцевски, во прилог две спорни ситуации каде што Тиквеш беше оштетен за чист пенал над Темелков и втора ситуација каде што Гроздановски стигнува прв до топката пред домашниот голман и санкциониран фаул над истиот.

Исто така да напоменеме за непрофесионалниот и нечовечки однос на луѓето и управата на Фк Кожув, кои не дозволуваа да влезат на стадионот претседателот на Тиквеш Миле Масларков и членови на управниот одбор, при што константно беа навредувани со погрдни зборови и пцости.

На ФК Кожув му посакуваме среќа во понатамошниот дел од првенството и ги чекаме на пролет во Кавадарци да ги угостиме како прави домаќини, а не примитивно и со феудални манири како тие денес спрема нам.

Тиквеш ќе се бори до крај за влез во прва лига и нема да потклекнеме на овакви опструкции како денешното крминално судење.Тиквеш ќе се бори за Лозарите, ќе се бори до крај за сите искрени подржувачи на клубот и за цело Кавадарци“, соопштија од ГФК Тиквеш.

 

По скандалозната арбитража на ‘ најдобриот’ судија за 2019 Марјан Гоцевски, во прилог две спорни ситуации каде што…
Posted by ГФК Тиквеш 1930 on Saturday, November 14, 2020

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови