Легендарниот француски ас Тиери Анри е прогласен за најдобар играч во историјата на Премиер-лигата, според анкетата на навивачите која ја спроведе „Betfair“ со „YouGov“ на повеќе од 1.000 фудбалски фанови. Во пресрет на 30-годишнината од Премиер-лигата, беше организирано гласање, а Анри го победи Кристијано Роналдо и го освои првото место со 15 отсто од гласовите.
Поранешниот капитен на Арсенал постигна 175 гола на 258 првенствени натпревари и ги предводеше „топчиите“ до две првенствени титули. Анри беше неверојатно експлозивен, брз и фантастичен техничар со извонреден финиш.
На третото место се најде Англичанецот Алан Ширер, најдобриот стрелец во Премиерлигата на сите времиња. Топ 5 ја затвораат Французинот Ерик Кантона и Англичанецот Стивен Џерард.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













