Францускиот стратег Тиери Анри повторно се вклучува во работата на стручниот штаб на белгиската фудбалска репрезентација. На покана на селекторот Роберто Мартинез, тој ќе биде еден од неговите асистенти на Европското првенство.
Анри беше асистент на Мартинез и во периодот од 2016 до 2018 година, а потоа одлучи да гради самостојна тренерска кариера. Беше кусо на кормилото на Монако, а потоа три години и на клупата на Монтреал импакт во МЛС – лигата на САД. Одлучи да замине поради пандемијата на коронавирусот.
Белгијците се меѓу главните фаворити за освојување на титулата на Европското првенство, а голем проблем за селекторот Роберто Мартинез е повредата на Кевин де Бруин во финалето на ЛШ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













