Ерик тен Хаг го опиша својот прв состанок со Сер Џим Ретклиф како „многу позитивен“, но призна дека сè уште треба да дознае повеќе за плановите на милијардерот со Манчестер Јунајтед.
Компанијата на Ретклиф, ИНЕОС, ќе ја преземе контролата врз фудбалските операции на клубот веднаш штом Премиер – лигата ќе го одобри договорот за стекнување на 25% од акциите на клубот од Манчестер.
Најбогатиот Британец оваа недела е во Манчестер на низа средби со раководството на „црвените ѓаволи“.
„Беше многу позитивно, морам да признаам. Имавме долг разговор, разговаравме за многу прашања и се согласуваме за многу од нив, така што работите тргнаа навистина добро. Мислам дека дијалогот беше конструктивен од двете страни, со нетрпение очекуваме да работиме. Мораме да дозволиме нештата да се случат бидејќи тие штотуку пристигнаа и сè уште ги добиваат информациите. Имаат добри идеи“, изјави холандскиот менаџер на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













